ШТО Е SEGWAY ?
ТЕХНОЛОГИЈА И ПРОИЗВОДИ
Уште во 2001 кога на светот му е претставена оваа иновација , SEGWAY® – првиот самобалансирачки персонален транспортер , во матичната компанија – Segway LLC – интензивно се работело на припреми за масовно производство на оваа технологија .
Новиот персонален транспортер ја претставува последната генерација на персонална мобилност , и нуди неколку специфични предности која возењето го чинат поинтуинтивно , попродуктивно и најмногу од се привлечно за сите генерации на корисници.
SEGWAY PTs – го обожаваат децата, возрасните , бизнисмените , политичарите, спортистите ….. едноставно SEGWAY е белег на новата ера во која живееме
ВАЖНО !!!
Segway-от има вградени 5 жироскопи , иако за стабилност сосема се доволни и 3 .Сите додатни компоненти и сензори служат со една цел – да го направат ова возило најсигурно во својата гама од овој вид . Сите електро-механички компоненти ; како микропроцесорот , батеријата и мотористиката се вградени во склад , за да се добие непречено и сигурно уживање во возењето.
Снагата ја добива од јаките лити-јонски батерии кои дозволуваат максимални 40 километри со едно полнење.
Segway може да се користи за различни цели и потреби при што секоја SEGWAY единица може да биде опремена со дополнителна опрема според барањата на корисникот .
Во додатна опрема постојат многу пакети прилагодени за потребите на полицијата , компаниите за обезбедување , бизнис корисници со различен профил на дејност и многу други профили на корисници . За компаниите кои работат на отворено , со туристи за туристички разгледувања низ градови , со градежништво или со екологија , има модели кои се прилагодени за возење на отворено и во различни временски услови .
Повеќе 500 000 Segway се употребуваат секој ден ширум светот .
Во темелите на целата идеја и постоење и користење на Segway-от е сигурноста т.е безбедноста која во сите изминати години од создавањето и постоењето се покажа како најбезбеден и најсигурен личен самобалансирачки транспортер.
ШТО Е ТОА ПЕРСОНАЛЕН ТРАНСПОРТЕР ?
SEGWAY-от е дизајниран и осмислен за зголемување на мобилноста во урбаните животни средини но иза користење во рекреативни цели , ( off road ) за возење низ природата .
SEGWAY Ве следи секаде каде одите Вие .
Да се вози segway значи да се има зголемена мобилност во секојдневните обврски , работни и лични. Најважно од се е тоа што додека го возите SEGWAY Вие уживате во потполно еколошко возење кое е уникатно и неповторливо .Без користење на гориво , само со полнење на батериите, буквално со минимални т.е со никакви трошоци – ќе откриете како е да се ужива во возењето на Segway заедно со познатата Segway насмевка !
КАКО СЕ ВОЗИ SEGWAY
Најважно е тоа што Segway-от не бара никакви посебни вештини и техники за да се управува т.е вози. Секој буквално секој кој пробал успеал да вози Segway .
Мал , но сепак снажен , прилагоден за возење низ различни средини , оваа модерна направа се користи на сите континенти и сите ургани и рурални средини .
Полнењето на батериите на Segway – можете да го извршите брзо и ефикасно додека пиете кафе или уживате во ручекот покрај плажа , базен, река ……
Segway го смени погледот на целокупниот концепт за патување и транспорт. И не е само , тој е тотално забавен и уникатен . Користењето на Segway даде нова димензија на размислување и организирање на бизнисот при што компаниите низ цел свет увидоа дека нивните вработени се повеќе мобилни и попродуктивни коритејќи го Segway. Кај Segway посебно пленат , видливоста , подвижноста , носивоста ,напредната технологија кои се и најголеми придобивки за овој личен транспортер .
Пробајте го Segway PTs и откријте ја мобилноста во ново светло . Само тогаш ќе дознаете зашто е планетарно популарен .