Услови за Користење и Изнајмување

УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ ( ИЗНАЈМУВАЊЕ ) НА SEGWAY PTs

Секое лице кое изнајмува или користи SEGWAY PTs треба да ги знае , прифати и потпише следниве услови за користење на  личниот транспортер ( PTs)

  • Користењето на Segway како и учеството во сите активности во кој е вклучен Segway PTs се врз основа на лична одговорност и сопствен ризик на лицето што го изнајмува или користи SEGWAY.
  • Корисникот мора да има најмалку 14 години и минимум 45 Кг.тежина .
    Максималната тежина која е препорачана од производителот изнесува 118 Кг.
  • Само целосно здрави лица смеат да го возат или користат SEGWAY .
    Лицата кои се под дејство на алкохол , дроги или лекови со дилно дејство не им е дозволено користење на SEGWAY .
  • Задолжително носење на кацига ( при обука и при возење ).
  • Продавачот ( или изнајмувачот ) на SEGWAY не сноси никаква одговорност во случај на сообраќања несреќа на изнајмувачот т.е купувачот.
    Купувачот или изнајмувачот на SEGWAY PTs го зема личниот транспортер на своја одговорност , така што се одрекува од било какви побарувања за обештетување во случај на несреќа или барања за покривање на нематеријални и материјални штети.
  • Во случај на настанати оштетувања , како резултат на немарно користење или неодговорно однесување спрема SEGWAY PTs , трошоците за поправка или замена на оштетените делови , паѓаат на товар на наемпримателот т.е купувачот.
  • Во случај на изнајмување , по договор со наемодавателот, може да се побара гаранција во висина од 30 % од вредноста на личниот транспортер .
    Оваа гаранција не ги покрива настанатите оштетувања .
    Во случај на кражба , наемопримателот е обврзан да ја покрие целата сума за личниот транспортер по пазарната вредност на истиот кога бил купен нов .
  • Ако наемопримачот ( на личниот транспортер ) го задржи подолго од договореното, треба да плати надоместок за продолженото време според ценовникот на Коузон .
  • Условите за сервис на личниот транспортер SEGWAY PTs дадени се во купопродажниот договор и се во корелација со условите за сервис кои ги нуди производителот Segway Inc. USA .