Пејачката Сани ги збуни скопјани во необично издание среде плоштад!

Нејзиното име се почесто е тема во медиумите, особено поради тоа што е една од најпровокативните и најатрактивните фолк пејачки на домашната естрада. Сања Апостоловска или попозната како Сани во јавноста за прв пат се појави пред осум години во шоуто за таленти „Мојата Ѕвезда“, а подоцна се проба и како водителка. Сепак, музиката остана нејзина најголема страст, а пак наградите кои ги освојуваше на фолк фестивалите претставуваа дополнителна мотивација да продолжи да се претставува пред публиката во најдобро светло и да има се поголем број обожаватели. Сани е кумановака, но заедно со ќеркичката и саканиот живее во Скопје. Од неодамна згодната пејачка е свршеница со прстен на рака, статус кој набрзо ќе го замени со сопруга. Се со цел да ви ја доловиме Сани во поинакво светло, ја поканивме на едно поинакво интервју каде имаше можност да го искуси популарниот гаџет на две тркала Сагвеј.

sani_ton_0695

Што прво си помисли кога ти понудивме да пробаш едно поинакво возење со популарниот Сагвеј?

За мене Сагвеј е ново искуство и прво што помислив беше “боже чувај ме”, но за брзо време тоа чувство исчезна и стануваше се повозбудливо и повозбудливо.

Колку отворено им приоѓаш на авантурите и предизвиците во животот?

Не сум некој авантурист и со резерва прифаќам предизвци, но вашата покана за едно поинакво интервју ми звучеше интересно за да ја прифатам и секако не погрешив.

Опиши ни го чувството на Сагвеј-от, колку брзо ги совлада техниките за управување?

Јас мислев дека на таква направа никогаш нема да се качам, а јас совладав уште од првата минута и не сакав да се симнам. Чувството беше прекрасно!!!

sani_ton_0729

Пред неколку години од Куманово се пресели во Скопје. Како се снаоѓаш низ сообраќајниот скопски метеж?

Да, веќе подолго време работам во Скопје и навистина не е едноставно и лесно да бидеш мобилен во толкав метеж. Се превезувам со автомобил и успевам некако да излезам на крај со сите обврски во текот на денот.

Како тече едно секојдневие на Сани и колку Сагвеј би ти помогнал да функционираш побрзо и позабавно?

Како и секоја мајка, така и јас сум во трка со времето. Сагвеј-от би бил идеално решение за мене, ќе заштедам пред се на време, а верувам дека би се чувствувала максиомално забавно и исполнето.

sani_ton_0737

Ја посакуваш ли оваа направа за себе и за твоето семејство?

Ако пробате да ја возите еднаш, ќе сакате да ја имате засекогаш. Заедничкото возење е уште поглема адреналинска авантура.

Кога сме кај семејството и најблиските, неодамна кажа „Да“. Како Мартин ја заслужи твојата љубов, со што те освои?

Мартин е човек кој не можеш да го опишеш со зборови….тој знае да ми ја даде целата љубов на овој свет…Ме освои со тоа што сака да ме прави среќна, сака секој мој сон да го направи реалност.

Какви промени ви се случуваат по свршувачката и кои се плановите за свадба?

Мислам дека уште повеке се сакаме сега . Но, возбудата е голема. Имаме големи планови за свадба, но засега не би откривале.

sani_ton_0685

Сексапилните стајлинзи се твој заштитен знак на сцената. Колку Сани се разликува во имиџот професионално и приватно?

Многу се разликува. Приватно сум спортско типче и сакам да шетам без шминка, додека професионално го давам својот максимум и доста се трудам околу тоа.

Во време кога естетските корекции се мега хит, особено кај пејачките, кое е твоето мислење по ова прашање?

Немам ништо против, тоа баш ми е ин. Дури и самата би корегирала нешто кај мене.

sani_ton_0798

 

Се почесто настапуваш на фестивалите, а моментално се подготвуваш за годинешното учество на фолк-фест Валандово. Што ќе имаме можност да слушнеме и погледнеме?

На Валандово 2016 ќе настапам со преубава песна која се вика „Време залудно“ која се надевам ќе и се допадне на публиката.

По што ќе го запаметиш лето 2016-то?

Нормално по веридбата.