Александра од „Брза кујна“ се извлече од сообраќајнот скопски метеж!

Привилегии да ужива во бегството од густиот градски сообраќај во главниот град, неодамна уживаше ТВ и радио водителката Александра Пановска Илиевска и тоа само поради револуционерниот гаџет на две тркала чие име е Сегвеј. Овој пат, во низата интересни интервјуа каде познатите македонски личности покрај разговорот низ шоља кафе имаат прилика да ја возат  оваа популарна направа, ја избавме толкму младата и шармантана водителка.  Александра храбро му пристпи на предизвикот за кој имаше да пренесе само позитивни впечатоци, а меѓудругото ни откри и повеќе детали околу љубовта кон водителството и тазе брачниот статус.

Твоите колеги што досега имаа можност да го пробаат модерниот и современ Сегвеј, искуството го опишаа како неверојатно забавно, па дури и заразно. Раскажи ни ја твојата страна на оваа необична авантура?

  • На прв поглед, страв, недоверба и чувство дека нема да можам да го совладам… Но кога пробав, посакав цел ден да се возам. Имав привилегија да биде сончев ден, убаво друштво и во рок од 2-3 минути веќе стравот и недоврбата се претопија во удобност и можност секаде да заминете, а да е побрзо од чекор и конечно да сте на две тркала, а јас да управувам. Најчесто во топлите летни и пролетни денови со сопругот сме на моторче на кое уживам во возењето. Особено кога ќе одбереме подалечна дестинација. Сегвеј е добра замена за оние кои сакаат да го чуствваат денот со сите сетила. Секаде да стигнете брзо и најдоброто е паркинг. Супер, урбано, удобно… целосно го отсликува денешното темпо на живот. Најмногу ми се допаѓа еколошката страна на Сегвеј!  

aleksandrabk00007

Како се снајде во совладувањето на техниките, со оглед на тоа дека Сегвеј пред се фукционира преку опуштеноста и балансот на телото?

  • Одлично, ви го прати телото и движењето.

Сегвеј постигнува брзина и до 25 км на час, колку брза успеа да биде Александра?

  • Доволно за да се чуствувам удобно. Сосема заборавив дека се движам низ плоштад на Сегвеј.

Би можела ли оваа револуционерана направа да биде твоја алтернатива за автомобилот?

  • Со оглед дека живеам во центар и сите релации ми се во близина можеби и е добра алтернатива кога сакате да стигнете побрзо, а едноставно автомобилот не е добро решение, особено во оној дел од денот кога има гратски метеж. Морам да забележам дека со изграбата на тротоарите и нивното ослободување од автомобили, истите траба да се во брзо време окупирани од велосипеди, печаци и Сегвеј. Без ограничување кое годишно време е…

На ков тип личности ќе го препорачаш и зошто?

  • Секој кој сака да излезе од автомобил… Загадувањето е тема која е болна особено за нашиот главен град. Ако навистина не можеме и не сакаме да бидеме на велосипед или да пешачиме, а сепак имаме доволно финансиски средства да си го дозволиме, Сегвеј е вистински избор, за Скопје за иднината кон која треба да се бориме индивидуално и заедно. За квалитетен живот кој најмногу зависи од водата и воздухот, на кој овој уред може да даде позитивен придонес.

aleksandrabk00006

Подолг период твојот глас можеме да го слушаме на фреквенцијата на радио Метрополс, а од каде се појави љубовта кон телевизија?

  • Да, тоа е моја голема љубов… Веќе долги години сме заедно. Го сакам радиото, има магија која треба да се почувствува, а не може да се раскаже. „Едноставно викенд“ е радиски проект поддржан од „Пела роса“ веќе неколку години. Плетеме успешна радиска приказна сумирајќи ги сите настани од текот на работната недела симпатично склопени за викенд од 10 до 12 часот на 99.4. Приказната пак за телевизија се случи сосема спонтано по предлог на моја драга пријатлка Ивана која повеќе веруваше во мене од јас во самата себе. Стартував на проект на нејзина добра пријателка Тања, (“На иста адреса”). Големо влијание имаше и тоа дека моето прво телевизиско појавување беше во пар, и тоа со најдобиот Марко Новевски. Пријател и колега кој березервно ми ги довери сите тв совети и трикови. На тоа се надополни и најпрофесионалната ТВ екипа на Томато и ете едноставно имав среќа… Денес сум дел од Сител ТВ каде со Марк и Никола сме дел од супер проект кој на македонската јавност како да и недостигаше. Кујна и тоа не било која “Брза Кујна”…

Колку брзо траеше адаптацијата радио-телевизија, имаше ли потешкотии?

  • Добиот тим во Сител ТВ придонесе за брза адаптација. Секогаш кон некоја работа кога пристапувате со љубов и ентузијазам нема пречка која не може да се совлада.

Преку кулинарското шоу „Брза кујна“ за една сезона стана доста препознатлив лик кај пошироката јавност. Што се промени преку овој проект во твојата кариера?

  • Секој ден ми е супер, насмевката и препознавањето од оние кои ја сакаат кујнaта ми дава само поттик плус за подобра работа.
  • aleksandrabk00002

Ги применуваш ли триковите на готвачите Марк и Никола во домашни услови?

  • Да, особено за викенд кога имам повеќе време. Сакам да експериментирам, претходно не се охрабрував и одев на проверена варијаната, а сега имам привилегија да учам од најдобите гратис… Максимално сакам и применувам бидејќи навистина се генијални моите Марк и Никола.

Од годинава си тазе невеста и домаќина. Што се промени откако го изговори судбоносното „Да“ и започна брачен живот?

  • Нема промена и се надевам дека доколку има ќе биде позитивна.

Преку „Брза кујна“ редовните гедачи имаа можност да дознаат дека живееш заедно со свекрвата. Каква е релацијата снаа-свекрва во домот и кој е поотворен за компромиси?

  • Супер, на сите им посакувам убав соживот со семејството… Не само со свекрвата туку со сите членови. Животот е многу краток за да се оптоваруваме со кавга, кога во истиот секој ден може само да уживаме, а тајната е во отворен разговор на секоја тема.

После брак по некое правило следува и принова. Размислувате ли со сопргот за ова?

  • Детето е потврда на една љубов, и ние би сакале да во некое идно време тоа биде и во нашето семејство.
  • aleksandrabk00008

aleksandrabk00005