Ване Маркоски најде начин како да ги сочува нервите во скопскиот метеж!

Неговиот лик и глас редовно го гледаме и слушаме на телевизија и радио, а со текот на годините водителот Ване Маркоски успешно се позиционираше како еден од најдобрите млади македонски водители. Секојдневно го слушаме на фреквенцијата на „Радио Слободна Македонија“, а исто така е постојан лик на разни емисии од забавен карактер на Канал 5 телевизија. Наскоро Ване ќе биде домаќин на уште еден нов кулинарски ТВ прокет кој набрзо ќе започне со емитување. Како и секогаш, така и овој пат Ване безрезервно ја прифати поканата за интервју и едно поинакво дружење и авантура со популарното превозно сретство Сегвеј. Во продолжение ви ја доловуваме атмосферта од тоа како Ване возеше качен на две тркала низ проштадот во Скопје, а откога заврши авантуристичкото возење, поразговаравме и за неговите приватни и професионални новитети. Еве што кажа:

ton_0290

 

Што прво си помисли кога ти понудивме да пробаш едно поинакво возење со популарниот Сегвеј?

Дека нема шанси да успеам да ја совладам техниката на возење со оглед на тоа дека имам проблем со одржување рамнотежа („здрвен“ тип сум во глобала).  Треба да се опуштиш и тоа е тоа. Нема некоја посебна тактика.

Го задоволи ли Сегвеј-от твојот авантуристички дух и енергија при возењето?

Уф. И тоа како. На почеток (првите 2 минути) изгледаше „тешко“, но потоа видовте и сами дека се однесував како мало дете додека возев.

Опиши ни го чувството, колку брзо ги совлада техниките за управување?

Еден круг ми беше доволен за да ги совладам техниките. Ако сте авантурист како мене и сакате нови нешта, мислам дека ќе уживате во возењето. Си се возиш и се смешкаш. Нема поубаво.

ton_0333

Функционираш во брз секојдневен ритам. Колку оваа револуционаерна направа би ти помогнала да делуваш пофлексибилно и позабавно?

Баш на тоа почнав да размислувам одма. Замислете колку брзо би стасале до работа или било каде, доколку го имате ова нешто. Ова е спасот за залудно изгубеното време во сообраќајот.

Негуваш силна љубов кон велосипедизмот и тренинзите во теретана, а не ретко го користиш велосипедот како превозно средство низ Скопје. Сега откако ја проба оваа модерна и урбана направа, колкави се твоите апетити за нејзината секојдневна примена?

Се поголеми, дефинитивно. Ова е практична замена за атомобил. Замислете нема губење време низ гужвите во сообраќајот, за барање паркинг, трошење пари за тоа… Зарем треба уште нешто за зголемување на „апетитот“?

ton_0272

Зошто би им го препорачал Сегвеј на другите?

Заштеда на време, пари, нерви и најважно, не го загадуваме воздухот.

Изминатото лето одмараше, но и работеше на стандардната позиција пред микрофон на радио и на ТВ пред камерите. По што ќе го запаметиш изминатото лето 2016-то?

По моето патување во Хрватска, бидејќи за прв пат бев во таа земја и на еден прекрасен остров кој ме остави без здив.

Бидејќи работиш во радио и телевизија, каде се чувствуваш послободен?

На ова прашање никогаш не можам да издвојам фаворит, бидејќи за мене, секогаш и радиото и телевизијата ќе имаат посебно место каде различно ја изразувам својата креативност. Но, дефинитивно, ако зборуваме за опуштање во поглед на облека и слично, тогаш радиото дефинитивно, затоа што не внимаваш како изгледаш, туку само како звучиш, додека на ТВ мора да внимаваш на се.

Колку јавната професија го промени твојот начин на живот?

Со оглед на тоа дека ова го работам веќе 15 години, не знам каков би бил мојот начин на живот без работата што ја сакам. Јас моите навики и мојот начин на живот ги градев врз основа на мојата работа и сите мои желби и потреби.

ton_0343

Велат дека познатите личности можат да уживаат разни привилегии од опкружувањето. Раскажи ни некоја интересна анегдота во тој поглед…

Се сеќавам, пред една година, снимав една телевизиска реклама и веднаш по снимањето требаше да тргнам со пријатели на патување во Солун. За да стасаме порано, веднаш тргнавме на пат, јас не ја извадив ни шминката. Единствена пауза ни беше на бензиска пред граница за да ги најдеме пасошите низ кола. Почна многу да врне, а мене од дождот ми се „размачкала“ шминката по лицето. Стигнавме на нашата граница и гледам дека граничарот ме гледа чудно и само искоментира: Да не знаев дека работиш во ТВ, ќе помислев дека се шминкаш. Не сфатив за што станува збор, се додека не ја поминавме граница, за да потоа пријателите се смилуваат и конечно ми кажат да се погледнам во огледало.

 Кој е приватно Ване Маркоски?

Приватно многу сакам спорт, сакам журки, патувања, нови пријатели. Сакам да фотографирам пејзажи.

И за крај. Дефинирај ја твојата девиза за подобро денес и уште подобро утре?

Не се лутете и не се нервирајте. Се си доаѓа на свое место. Ако не денес, тогаш утре ќе биде подобро.

 

ton_0300

ton_0319